Несовесен кумановчанец продавал храна и пијалоци со изминат рок

 

36-годишен кумановчанец си заработи кривична пријава бидејќи продавал прехранбени производи со поминат рок.

Се работи за Е.Т. кој месецов од засега непознати лица, набавил поголема количина на штетни прехранбени продукти и пијалоци со изминат рок на важност, на кои со помош на хемиски средства го избришал датумот на застареност и вметнал  нов датум со регуларен рок на важност и истите ги продавал.

Несовесниот кумановчанец бил фатен од страна на полициски службеници на пазарот во Куманово.

01.04.2014 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега