Возачот на „57" кој се степа со малолетник завршил во болница
Возачот на автобусот со број 57 кој се испотепал со малолетник кој се качил на автобуската постојка кај Заводот за вработување во Капиштец без билет, завршил во болница, додека малолетното момче е приведено во полиција.
Како што јавува денеска Плусинфо, завчера во автобусот на ЈСП ученик се качил без пари и билет, при што започнал расправија со возачот, а потоа си разменувале клоци и тупаници.
- Возачот го фати детето под мишка и го држеше како лубеница додека не дојдоа полицајците. И двајцата се удираа, а жените врескаа. Едно девојче плачеше, вели патник од автобусот за Плусинфо, кој додава и дека за среќа сите од автобусот успеале да излезат бидејќи вратите биле отворени.
Од друга страна, според пријавеното во полиција, седумнаесетгодишниот П.П. ќе заработи пријава или за насилство или за физички напад.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа