За влакно и побегнал на смртта - детали за несреќата на Водњанска кога автомобил влета во продавница

 

Вработените во пиљарата на Водњанска каде во саботата навечер се случи страотна сообраќајна несреќа кога возач со својот автомобил влета во продавницата, си ја отвараат душата и за Вечер раскажуваат за потресниот настан.

Продавачот кој бил на смена во моментот на несреќата сега е на одмор и се уште во шок, а денот на сообраќајката сигурно ќе го памети до крајот на животот. Бидејќи тој се уште е под голем стрес, неговиот колега за Вечер раскажува што му сеслучило на неговиот пријател.

-Несреќата се случила околу 8.30 часот во саботата. Тој стоел тука кај скаличките и редел околу полиците каде што стојат соковите. Среќа што бил таму затоа што ако стоел зад касата или пак на вратата последиците би биле многу потешки. Целиот излог, прозорци, врати, робата која беше пред и во продавницата се ќе се срушела врз него, заедно со предниот дел од возилото, раскажува Мичо, вработен во продавницата.

Сопственикотна продавниоцата, Салим Демри, вели дека 25 години си го тера бизнисот, но вакво нешто до сега нема доживеано.

-Сите сме учесници во сообраќајот и се може да се случи. Можеби во незгодата имало влијание и неискуството на возачот. Јас веднаш стигнав на самото место на несреќата и веќе целиот излог беше срушен, а возилото беше влезено можеби еден метар во продавницата. И прозорците и железната конструкција беше уништена. Тогаш започна и полициската процедура, а потоа го извлекоа автомобилот. Со малку шеќер и вода и седатив од аптека кој му го дадовме на продавачот, се смири. Потоа веќе се освести, си дојде при себе. Потоа поради шокот вработениот зеде одмор малку да се соземе од шокот. Како што знае да каже народот „среќа во несреќа" што останал неповреден, вели Демри, за Вечер.

За потсетување, во саботата на Водњанска се судрија автомобил марка Пежо и Пасат, при што од силниот удар пежото влетало во продавницата. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на пежото кој е пренесен во Ургентниот центар.

Повеќе прочитајте на ВЕчер.

01.04.2014 - 11:31
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега