Драма во автобус на ЈСП: Возачот се истепал со малолетник - интервенирале Алфите

 

Вистинска драма се одвивала во текот на вчерашниот ден во автобус на ЈСП. Се степале малолетник и возачот на автобусот со број 57 при што морала да интервенира полицијата.

Како што јавува Нова Македонија, во скопската населба Капиштец во близина на Заводот за вработување, кога автобусот кој бил преполн со патници застанал на автобуска постојка, се качил ученик којне куцнал карта. Возачот го прашал каде му е картата, а момчето одговорило дека има слободна но ја заборавило дома, по што го замолило возачот да го пушти да се вози за неколку станици. Двајцата започнале расправија, која кулминирала со тепачка.

- Момчето немаше билет ниту пари. Му кажа на возачот дека слободната карта ја заборавил дома и го замоли да го пушти. Но тогаш возачот нервозно му возврати дека мора да плати и почнаа да се караат. Возачот го турна момчето, но и тоа возврати и почнаа да се тепаат и туркаат во автобусот, вели патник сведок на настанот За НоваМакедонија, и додава дека во целиот инцидент биле истуркани неколку патници меѓу кои и мало девојченце.

Мајката на девојчето видно вознемирена седела пред автобусот го гушкала девојчето и го тешела. Сведокотвели дека нервозата си го направила своето. 

-  Ние во автобусот многу се исплашивме и среќа вратите беа отворени и сите побегнавме надвор, велат патниците.

Во автобусот за неколку минути интервенираа алфите, а потоа им се придружија и редовната полиција. 

01.04.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега