Докторка од Штип прегледувала без дозвола - еве колку пари заработила

 

Докторка од Штип си заработи кривична пријава бидејќи сторила кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување”.

Се работи за 61-годишната Р.У. која во периодот од јануари 2012 година до март 2014 година противзаконито извршувала општа пракса како матичен лекар и наплаќала парични средства на име капитација од фондот за здравствено осигурување иако со Решение од Министерството за здравство и била одземена дозволата за работа по општа медицина.

Пријавената во периодот од мај 2013 година до март 2014 година во повеќе наврати со 21 правно лице склучила договор за вршење на систематски преглед на вработените без да поседува дозвола за работа од Министерството за здравство исестекнала со 4.537.684 денари на штета на Фондот за здравствено осигурување.

01.04.2014 - 10:15
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега