Гори Селечка Планина кај Прилеп

 

На Селечка Планина над Прилеп вчера избувна пожар под врвот Чуле, кај местото Попова Нива. Гореле трева и лескови дрва.

Како што пренесе МИА, пожарот го пријавиле граѓани околу 18 часот. Теренот бил непристапен и каменест. Зафатени се трева и лескови стебла, но немало никаква можност да бидат зафатени дрвја и шумски терен.

Теренот е непристапен и нема никакви услови да се испрати екипа. - Бидејќи е зафатена површина со трева не се очекуваат поголеми проблеми, а доколку има потреба утре изутрина ќе бидат испратени екипи на теренот, вели Колески, командирот на прилепската противпожарна единица.

01.04.2014 - 09:22
Фото: 
Журнал.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега