Скопјани на Косоварка и ја блокирале лозинката од Фејсбук и ја уценувале со пари и злато
Двајца Албанци од Скопје биле уапсени од Косовската полиција, откако заедно со уште еден нивен сограѓанин кој во моментов е во бегство уценувале девојка од Приштина.
Девојката Д.Н. била уценувана со 600 евра, а потоа и со килограм злато, за да и ја вратат лозинката откако претходно тројцата успеале да и го блокираат пасвордот на нејзиниот Фејсбук профил.
Доколку не го сторела тоа ѝ се заканиле дека ќе превземат порадикални чекори – пренесува порталот Коха.нет.
Скопјаните биле уапсени на улица „Хилми Раковица“, а истражен судија им изрекол мерка притвор.
31.03.2014 - 19:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа