Ја силувале и присилувале да работи како роб - Словенци купиле малолетничка од Македонија
Тројца Словенци купиле и малтретирале малолетно девојче од Македонија. Како што пишуваат словенечките медиуми, се работи за малолетничка која била купена од Македонија по цена од 6.000 евра, која била нивна слугинка, била малтретирана, тепана и за жал силувана.
Според информациите од медиумите, девојчето го купиле тројца мажи на возраст од 25, 44 и 50 години кои и го одзеле пасошот откако ја однеле во Марибор, а потоа буквално ја терале да работи како роб.
За среќа, несреќната Македонка успеала да избега од канџите на насилниците, по што случајот го пријавила во полиција.
Монструмите завршиле во затвор каде што и припаѓаат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа