Бугарка украла паричник во автобус на ЈСП

 

Бугарска државјанка кој престојува во Македонија извршила кражба во преполн автобус на ЈСП.

Според податоците од полицијата се работи за 23-годишната Н.С.Т. која во петокот во Центар додека се возела во автобус на ЈСП, ја искористила гужвата и одпатник украла паричник од чанта во кој имало пари, еден пар златни обетки и лични документи. По извршената кражба пријавената се упатила кон предната врата на автобусот за да излезе, но оштетената забележала дека и е украден паричникот, а еден од патниците кој стоел до неа и покажал кон пријавената. Оштетената се упатила кон предната врата и го побарала паричникот од пријавената, а таа го фрлила на подот и одговорила дека паричникот не е кај неа.

Во меѓувреме патник од автобусот го пријавил настанот во полиција. 

31.03.2014 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега