Дајте ни 3.000 евра и ќе ве вработиме - измамени кумановчани останале и без работа и без пари
Итри кумановчани мамеле граѓани дека ќе ги вработат,а потоа измамените останувале и без работа и без пари.
Според информациите од полицијата, се работи за 64-годишниот В.М. и 55-годишниот О.Ј. кои излажале две лица дека ќеги вработат во фирмата „Линеа Комерц“-Куманово во редовен работен однос од најмалку пет години, а како гаранција секоја требало да подигне кредит во износ од по 3.000 евра.
Откако сфатиле дека нема да добијат работа и покрај парите кои ги дале, оштетените го пријавиле случајот во полиција.
31.03.2014 - 12:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа