Бугарскиот претседател не доаѓа на претседателскиот Самит во Охрид

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, нема да дојде на претседателскиот Самит кој на 1. јуни ќе се одржи во Охрид.

Наместо претседателот, како претставник на Бугарија во Охрид ќе биде премиерот Марин Рајков. Засега нема образложение зошто Пневнелиев нема да присуствува.

 На Самитот на Процесот на соработка на земјите од ЈИЕ, најверојатно нема да присуствува ниту претседателот на Грција, Каролос Папуљас. Сеуште нема информации дали Грција ќе испрати свој претставник на Самитот во јуни.

Според најавите, утре ќе бида познат конечниот список на учесниците за самитот во Охрид.

најчитано сега