Вее снег кај Стража, Маврово и Крушево - сообраќајот засега без проблеми

 

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно, по местимично влажни коловози.

Снег паѓа на планинскиот превој Стража, Маврово и Крушево кој засега не претставува проблем во одвивањето на сообраќајот, додека на Плетвар и Пресека паѓа снег и дожд, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Предупредува дека во клисурите и усеците се можни помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово – Дебар - Струга, Гостивар - Стража, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес

27.03.2014 - 18:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега