Хил: Македонија се однесува како НАТО-земја и треба да биде прифатена како таква

 

Треба да се посвети поголемо внимание на источното крило на НАТО, а особено треба да се врати вниманието на ситуацијата на Балканот.  Отсекогаш сум верувал дека Македонија, која се однесува како НАТО-земја, треба и да биде прифатена како таква.  Ова го изјави Кристофер Хил, поранешен амбасадор во Република Македонија и заменик помошник-државен секретар за источноазиски и пацифички прашања, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

- Бездруго, ситуцијата на Крим ја зголеми напнатоста Исток-Запад.  Тешко е да се каже дали ова е повторно создавање на Студената војна, но посекако мислам дека треба да се посвети поголемо внимание на источното крило на НАТО, а особено треба да се врати вниманието на ситуацијата на Балканот.  Отсекогаш сум верувал дека Македонија, која се однесува како НАТО-земја, треба и да биде прифатена како таква.  Искрено, би пошол и поддалеку.  Не се работи само за НАТО.  Се работи за поширокиот однос што го имаме со овие земји, вели Хил.

Кристофер Хил е декан на Школата за меѓународни студии Џозеф Корбел на Универзитетот во Денвер.  За време на дипломатската кариера, бил помошник-државен секретар за источноазиски и пацифички прашања и амбасадор во Ирак, Јужна Кореја, Полска и Македонија

21.03.2014 - 09:11
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега