Тошковски: Злоупотребуваат трагедија за евтини поени - после седум години власт не научија дека затворите се во надлежност на Правда
Министерот за внатрешни работи одговори на прашањата упатени од опозициската СДСМ за пристапот до телефон на лицето кое е во притвор за смртта на Фросина Кулакова на булеварот Партизанска.
Вели, СДСМ манипулира за да добие ситни политички поени.
-Во однос на прашањата на СДСМ упатени до мене за тоа како притвореник во затворот „Шутка“ добил пристап до мобилен телефон, сакам да истакнам дека во секоја правна и демократска држава, најмалку што може да се очекува од политичари кои седум години управувале со институциите е барем основно познавање на нивната поставеност, односно да знаат дека затворите не се во надлежност на Министерството за внатрешни работи, туку на Управата за извршување санкции која е орган во состав на Министерството за правда.
Но, суштината не е во “незнаењето“, туку во нешто многу полошо, а тоа е намерна злоупотреба на една трагедија за собирање на евтини политички поени. Наместо да покажат минимум човечност и емпатија, тие избраа да водат некрофилска кампања, со која на најмизерен начин се обидуваат политички да профитираат од туѓа несреќа, вели Тошковски.
Според него, јавноста бара правда, а не политички театар и навистина е срамно тоа што СДСМ и во оваа трагедија не успеа да покаже барем малку достоинство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа