Ставрески најави 10.000 нови вработувања во следните 12 месеци
Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, денеска по средбата со македонските тутунари изјави дека во текот на следните 12 месеци ќе има околу 10.000 нови вработувања.
Тој истакна дека во изминатиот период во Македонија се креирани 119.000 нови работни места, за разлика од другите европски земји каде бројот на невработени се повеќе се зголемувал.
-Тоа покажува дека владините политики биле добри, односно биле вистински и помогнале преку ниските даноци, ослободувањето на компаниите од плаќање на данок на добивка, четирите антикризни пакети со кои што се обезбедија меѓу другото 350 милиони евра поволни креидити за малите и средни претпријатија, можноста да се водат активни политики за вработување со кои што преку самовработување и грантови се овозможија отварање на работни места и секако високиот износ на капитални инвестици од буџетот со кои што се креираше работа за градежните компании, нагласи Ставревски.
Средбата се одржа во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа