Денеска официјално започнува пролетта

 

Денеска во 17 часот и 57 минути во Македонија и на целата северна хемисфера календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.

Денот ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути.

На првиот пролетен ден синоптичарите во Македонија најавуваат сончево време со температури до 22 степена.

Пролетта ќе трае до 21 јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 29 и 30 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.

20.03.2014 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега