Научници го бараат гробот на Александар Македонски во Светиниколско

 

На иницијатива на хрватскиот истражувач Домагој Николиќ наредните денови во земјава ќе престојува интернационален експертски тим кој ќе се обиде да ја разрешимистеријата дали гробот на АЛександар Македонски се наоѓа во Овче Поле. Како што јавува овчеполе.ком, се работи за научници со светско реноме кои започнуваат со истражувања на неколку локации на Овче Поле.

Со ова, за прв пат во Македонија ќе се врши археоакустично и електромагнетно истражување, а се повикуваат и сите заинтересирани лица да дојдат на местото на настанот и да се запознаат со работата и научниците. Нема никакви рестрикции освен тоа дека мобилните на посетителите треба да бидат изгаснати бидејќи би можеле да предизвикаат пречки во работата. 

Работите ќе се изведуваат под раководство на стручниот раководител за археолошки истражувања проф. д-р Драги Митревски. Неговиот стручен тим е составен од вработените во Градскиот Музеј во Свети Николе – Александар Арсов, историчар; м-р Владимир Атанасов, археолог и Александар Нацев, археолог. Интернационалниот експертски тим доаѓа со опрема од доо “Demiurg” од Загреб. Тимот го сочинуваат: д-р Слободан Миздрак, м-р Домагој Николиќ, д-р Паоло Дебертолис, д-р Велимир Абрамовиќ, д-р Аристотел Тентов, д-р Златан Аличевиќ, Хеики Саволаинен, Игор Томек и Никола Ристевски, пренесе овчеполе.ком. 

Инаку, градоначалникот на Свети Николе, Зоран Тасев, вели дека интересот на научната јавност, испитувањата и резултатите кои ќе се добијат се основа за развојот на археолошкиот туризам и економскиот развој на оприната.

- Задоволство ми е што како локална самоуправа ги презедовме сите мерки и овозможивме овој експертски тим да дојде во Македонија, затоа што со истражувањата ќе се дадат прецизни или приближни информации за тоа што крие овој Геоглиф, вели тој, пренесе овчеполе.ком.

Инаку, Интернационалниот тим претходно има вршено истражувања во Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Италија, Велика Британија, Египет, Судан, Иран, Малта...

 

18.03.2014 - 15:07
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега