Ѓорѓиоски пуштен на домашно лекување - Зафиров и Илиева оперирани по страотната несреќа
Четворицата повредени во страотната сообраќајка во која животот го загуби директорот на Македонската фудбалска федерација, Петар Милошевски, се примени на болничко лекување во текот на ноќта.
-Тројца потешко повредени по првичните хируршки зафати се сместени на скопските клиники. Двајца од повредените се на КАРИЛ, додека третиот тешко повреден е на Клиниката за трауматологија. По укажаната лекарска помош четврто повредениот е пуштен на домашно лекување, потврдуваат од Клиничкиот центар за Канал 5.
За потсетување, директорот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Куманово - Скопје, додека заедно со претседателот на Фудбалската федерација Илчо Ѓорѓиевски и уште двајца вработени во ФФМ се враќал од хуманитарен натпревар во Куманово. Според последните податоци, страотната сообраќајна несреќа се случила во 23 часот и 45 минути на магистралниот пат Крива Паланка - Куманово кај клучката во населбата Карпош. Полицијата информира дека возилотото „пежо“ со кое управувал Ѓорѓиоски се судрило со комбе управувано од страна на 62-годишниот Ж.Б. кој исто така завршил со повреди во несреќата.
Ѓорѓиевски, како што пренесува Канал5, се здобил со скршеници за време на несреќата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа