Трифун Костовски: "Зоран Божиновски ме уценуваше!"
Во Основниот суд Скопје 1 денеска продолжи расправата за аферата "Шпион" во која како сведоци искази дадоа Јорданов, Трифун Костовски и неговиот син Коста. Како што јавува Плусинфо, бизнисменот Трифун Костовски лично се знаел со дел од обвинетите како Ване Цветанов, Горан Стојков, Зоран Божиновски, Миќо Насковски и Влатко Стаматовски.
- Горан Стојков го познавам од случајот „Раштански лозја“. Тој отвори фирма за спасување и им беше потребна парична помош за купување опрема, а јас им помогнав. Кога видов потоа кој се е на платниот список на фирмата се запрепастив, вели Костовски.
Тој му давал пари и на новинарот Зоран Божиновски, но по извесно време тој почнал да го уценува Костовски во врска со фудбалскиот клуб „Работнички“.
Исто така, во Основниот суд Скопје 1 говореше и синот на Трифун, кој изјави дека новинарот Зоран Божиновски неколку пати му се јавувал на телефон и му се заканувал.
- Ме убедуваше да се сретнеме бидејќи располагал со документи дека „сум местел фудбалски натпревари“, вели Коста, пренесе Плусинфо.
Синот на Трифун никогаш не прифатил да се сретне со него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа