Полицијата го фати на дело - тетовчанец продавал дрога на друго лице

 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.И.(34) од с.Горно Седларце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 12.06.2024 на регионалниот пат с.Камењане кон с.Горно Седларце, полициски службеници го забележале пријавениот како продава дрога на друго лице, а откако ги забележал полициските службеници со своето патничко возило „фолксваген голф“ го напуштил местото Притоа, бил извршен преглед над другото лице и бил пронајден кокаин, кој го купил од пријавениот.

24.10.2024 - 22:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега