Левица: ДПМНЕ продолжува со непотизам - Љутков ја вработи сестра му во Велешкиот музеј

 

Пред извесно време, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изјави дека сите институции од културата имаат проблем со стручен кадар и дека се прави функционална анализа за тоа што е најпотребно од кадар, а наспроти тоа - неодамна, без јавен оглас, си ја вработил својата сестра, Станка Љуткова, директно во ЛУ Музеј - Велес, велат Левица.  
 
„Културата во Македонија го допира дното, а со овој и ред други примери, Владата на ДПМНЕ - ВРЕДИ - ЗНАМ докажува дека по примерот на СДС и ДУИ продолжува со непотизмот не само во културата, туку и во сите сфери на општественото живеење.
 
Оттука, Левица прашува дали направената функционална анализа за стручен кадар подразбира вработување на блиски членови од семејство и партиски членови?
 
Културните иституции немаат кадар, вработени секојдневно се пензионираат, а не се вработуваат нови соодветни кадри на нивно место. Буџетите се мизерни, зградите на музеите, театрите и останатите културни установи се распаѓаат, грижата за културното наследство е на најдолно ниво, додека уметниците се финансираат со трошки. 
 
Левица апелира да се вработуваат кадри според квалитет, а не по партиска книшка и роднински врски! Македонската култура е одраз на македонскиот национален идентитет, а ваквото дејствување на новата Влада ги загрозува сè повеќе! Во културните установи се потребни профилирани и докажани кадри, како во стручните, така и во редот на административно - техничките служби!“, стои во соопштението на Левица.
25.10.2024 - 16:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега