Откриени гробници на антички македонски кралеви

 

Тим археолози предводени од Ангелики Котариди пронашле 20 нови гробници во близина на Солун, во кои е можно да биле погребани првите антички македонски кралеви.

Гробниците би можеле да бидат на  Александар Први и на неговиот син Пердика Втори, а се наоѓаат во Кутлеш, пренесе МИА.

Кутлеш стана светски познат кога во 1977 година грчкиот археолог Манолис Андроникос таму ја пронајде гробницата на Филип Втори Македонски, татко на Александар Велики.

Од 1996 година овој археолошки локалитет е вклучен на листата на УНЕСКО на места од Светската историја во Европа. 

14.03.2014 - 10:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега