Се намалува бројот на грипосани во Македонија
Во Македонија од 3 до 9 март годинава се регистрирани 2.502 нозозаболени од грип, што е за 23,6 отсто помалку во споредба со претходната седмица, а за 4,7 отсто повеќе од истиот период лани.
Како што соопшти денеска Институтот за јавно здравје, во последната недела регистриран е еден смртен случај, со што бројот на починати кај кои е дијагностициран грип достигна 11.
Според податоците, број на заболени од грип од почетокот на сезоната 2013/2014 изнесува 24.661 и во однос на минатата година е поголем за 34,6 отсто, а најголем број заболени се регистрирани во Скопје.
Најмногу болни (16.055) се во возрасната група од 15 до 64 години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа