Димовски: Евидентни резултатите од владините мерки во сточарството
Успешното функционирање на млекарниците во Македонија е потврда за веќе создадената доверба меѓу откупувачите и фармерите. Изминатите неколку години се зголеми бројот на овци и млечни крави благодарение на владините мерки во сточарството, особено на субвенционирањето за задржување женско јагне, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски по посетата на млекарницата „Ѓеоргиеви“ во Радовиш.
- Мерките и натаму се насочени кон потикнување на развојот и зголемувањето на стадата овци кои моментно бројат околу 770.000 грла. Воведовме субвенција за овчо млеко како за кравјото. Воедно бележиме тренд на зголемување и стабилизирање на пазарот и на откупната цена во делот на краварството. Врзо основа на програмата што ја донесовме со сите здруженија, предвидовме и категоризација на млекото по квалитет, а врз основа на таа категоризација и зголемување на субвенциите, нагласи министерот.
Тој најави нови мерки со кои ќе се утврдат прваците за развој на македонскиот аграр.
- Ова е успешна приказна во делот на производството на млечни производи, но и во делот на извозот. Отворена со почетни 1.000 литри преработка, млекарницата денес има капацитет од 7.000 литри, седум тони стабилно производство и воспоставени добри релации со кооперантите, рече Димовски.
Министерот Димовски денеска имаше и средба со здруженијата на тутунопроизводителите од радовишкиот регион на која, напомена, ќе ги информира дека вишокот тутун од околу 350 тони ќе биде откупен од две фирми, а откупот треба да почне најдоцна кон крајот на неделава. Димовски се сретна и со градоначалникот на Општина Радовиш Сашко Николов
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа