Првиот ден без работа дури за Велики Петок - еве ги сите неработни денови до крајот на годината
18 април, Велики Петок ќе биде првиот неработен ден кој следи, но него ќе го празнуваат само православните верници. Според програмата за неработни денови на Министерството за труд и социјална политика, 21 април, понеделник, првиот ден по Велигден ќе биде неработен за сите граѓани на Македонија. Ромите први ќе имаат ден одмор. Тие на 8 април ќе го слават својот Меѓународен ден.
Во продолжение еве ги сите неработни денови до крајот на годината
За сите граѓани на РМ
• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
• 01 мај (четврток), Ден на трудот
• 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
• 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 02 август (сабота), Ден на Републиката
• 08 септември (понеделник), Ден на независноста
• 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
• 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
• 08 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (петок), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа