Вељановски ги распиша предвремените парламентарни избори

 

Претседателот на македонското Собрание, Трајко Вељановски, денеска согласно уставните одредби и согласно роковите утврдени во Изборниот законик, ги распиша предвремените парламентарни избори.

- Денес го потпишав Решението за распишување на предвремени избори за пратениците во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат на 27 април, на истиот ден со вториот круг  на изборот за претседател на Република Македонија, доколку претседателот не биде избран во првиот круг, на 13 април. Како и минатиот пат и денес сакам да потенцирам дека пред нас е изборен процес во кој изборните правила се прифатени со согласност и на власта и на опозицијата што претставува дополнителна одговорност и за едните и за другите и обврска истите да бидат почитувани и практикувани во текот на целиот процес, изјавува Вељановски.

Собранискиот спикер апелира сите учесници во процесот за избор на претседател на Република Македонија и за изборот на пратеници, да постапуваат исклучиво во согласност со уставните и законските одредби, да придонесат кон создавање мирна и демократска атмосфера во која секој граѓанин ќе може достоинствено да го оствари своето право на глас по свое лично убедување.     

 

06.03.2014 - 12:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега