САД се запознава со можностите за инвестирање во Македонија

 

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида, амбасадорот на Република Македонија во Соединетите Американски Држави Зоран Јолевски и економскиот промотор Дејан Величков денеска во  Јангстаун, САД, ќе ги претстават можностите за започнување бизнис во Македонија.

- Посетата на градовите засега се реализира успешно. Посетуваме градови во САД кои досега не сме ги посетиле но како области имаат значителен број на производствени компании со глобални операции. Особено важно е што покрај бизнис форумите во секој од овие градови имаме можност да оствариме директни средби со менаџерските тимови на повеќе глобални компании во секој град и во детали да ги презентираме предностите за лоцирање на нивни производствени капацитети во Македонија, изјави вицепремиерот Пешевски, соопштуваат од неговиот кабинет.

Предвидени се и средби со неколку глобални компании од металната индустрија, кои имаат пројавено интерес за условите за инвестирање во Македонија.

05.03.2014 - 12:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега