ВМРО-ДПМНЕ: Раскинувањето на коалицијата на ВМРО-НП и СДСМ е обид повторно да се изманипулираат граѓаните
Од владејачката партија на ВМРО ДПМНЕ сметаат дека СДСМ и ВМРО-НП и покрај тоа што јавно соопштија дека ја раскинуваат коалицијата заради идеолошките разлики, тие всушност ќе настапат самостојно за да одземат повеќе гласови на ВМРО ДПМНЕ.
Ваквиот одоговор следуваше по најавената разделба на СДСМ и ВМРО - НП и договорот за самостоен настап на следните предвремени парламентарни избори.
ВМРО - ДПМНЕ смета дека СДСМ преку раскинувањето на коалицијата со ВМРО-НП повторно сака да ги изманипулира граѓаните.
Од таму велат дека веднаш по изборите и двете партии ќе коалицираат како стари познаници кои имале како што самите велат принципиелна и коректна соработка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа