Иванов ја прифатил иницијативата за нова кандидатура

 

Претседателот Ѓорѓе Иванов ја прифатил иницијативата за нова кандидатура, дознава Press24 од извори во ВМРО-ДПМНЕ. Според нашите информации, Иванов денеска треба и јавно да го соопшти овој став. Од неговиот кабинет ниту ја потврдија ниту демантираа оваа информација. Велат дека Претседателот денеска ќе даде изјава за новинарите на која ќе го соопшти својот став. Од кабинетот не прецизираа кога ќе биде дадена изјавата но ја најавија за попладне. 
Иницијативата за нова кандидатура на Ѓорѓе Иванов на конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја доби поддршката од голем дел од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а меѓуимињата е и она на вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески. 
Иванов го поддржаа и бројни иннтелектуалци и истакнати личности од општествениот живот

25.02.2014 - 10:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега