Се враќаат магливите зимски утра - неделна временска прогноза

 

Во понеделник во утринските и претпладневните часови нестабилно со врнежи од дожд во западните, северозападните и југозападните предели и со снег на планините над 1200 метри, а во останите предели ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне умерено облачно со сончеви приоди над цела Македонија. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч.  Утринските температури од 1°C до 8°C, а дневните температури ќе се движат од 7°C до 14°C, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all

Во вторник во утринските часови ќе има појава на слаб мраз, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а дневните температури ќе достигнат до 6°C односно до 13°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла, која понекаде ќе биде и погуста 

Во среда во утринските часови ќе има појава на магла и умерен мраз, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен и западен ветер. Утринските температури од -4°C до 3°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 8°C од 15°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла, која понекаде ќе биде и погуста. 

Студено и магловито утро, а во текот на денот претежно сончево со локална облачност ќе биде и во четврток. Попладне зголемување на облачноста и наоблачување. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од -3°C до 4°C, а дневните температури ќе достигнат до 10°C односно до 17°C.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во петок во Македонија ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од 1°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 9°C до 16°C.

Во сабота ќе биде умерено облачно и нестабилно со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 8°C, а дневните температури од 7°C до 15°C.

 

Во недела претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 2°C до 8°C, а дневните температури ќе се движат од 6°C до 14°C.

23.02.2014 - 22:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега