Скопјанец изнајмил возило од Гостивар и не го вратил

 


Вчера, на 24 октомври 2024 година, во 20.00 часот, во ОВР Гостивар, управител на фирма за издавање возила од Гостивар пријавил случај на измама во врска со изнајмување на патничко возило, информира денес полицијата.


Според пријавеното, К.С. (36) од Скопје, на 13 октомври 2024 година, дошол во канцеларијата на фирмата и изнајмил возило кое требало да го врати до 16 октомври 2024 година. Договорот за изнајмување бил потпишан, но до моментот на пријавувањето, К.С. не го вратил возилото и преку телефонски разговор информирал дека нема намера да го врати.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

25.10.2024 - 12:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега