Стапува на сила Законот за стечајци
Од денеска почнува да се применува Законот за материјално обезбедување на невработените лица по основ на стечај, ликвидација и технолошки вишок со кој што практично се прошири периодот на опфат на невработените лицаа.
Лицата кои останале без работа во периодот од 2000 година до 31 декември 2013 година, а имаат работен стаж повеќе од 25 години и работеле во претпријатија во доминантна сопственост на државата имаат право веќе од петок и во наредните 30 дена да поднесат барање до Агенцијата за вработување на Република Македонија и да добијат материјално обезбедување во износ од 7.100 денари и плус здравствено осигурување.
Од Министерството за труд и социјална политика очекуваат со Законот да се опфатат околу 3.000 граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа