Житните култури на удар на невообичаено високите температури
Релативно високите температури што ја зафатија Македонија деновиве, ги загрозија есенските посеви, а за овошките и виновата лоза состојбата не е алармантна.
Како што велат агрометеоролозите, ваквото време не е невообичаено за февруари, но ниски температури, и под нулата, допрва се очекуваат. Појава на мраз, пак, е можна до април.
- Житата во вакви услови почнуваат да трошат дел од јаглените хидрати што им служат како резерви за заштита од ниските температури. Ако ги потрошат, отпорноста кон ниските температури ќе падне на многу ниско ниво. Во овој момент нема да има штети, но во наредниот период, при првите многу ниски температури, секако ќе бидат погодени, изјави Ангелко Ангелески од Упавата за хидрометеоролошки работи.
Убавото време им оди во прилог на земјоделците, ги закроија лозите на терен. Но, останува најголемиот проблем, немањето доволно влага во почвата. До околу 20 сантиметри вода има. Под овие слоеви, на преку 30 сантиметри, земјата е сува, нема никаква влага што ќе се одрази врз овошките, виновата лоза, пролетните култури и есенските посеви.
Проблем, оценуваат агрометеоролзите, ќе биде и наводнувањето зашто акумулациите се празни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа