Филков од Пелинце: АСНОМ нека ни биде потсетник – патот на правдата бара храброст, истрајност и одговорност
Министерот за правда, Игор Филков беше дел од владината делегација која оддаде почит по повод 81 година од Првото заседание на АСНОМ, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце.
„Денес сме овде, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, за да оддадеме почит на државничката визија и храброста на генерациите кои пред 81 година го поставија темелот на нашата државност.
Првото заседание на АСНОМ не е само историски момент, туку жив доказ дека борбата за правда, слобода и достоинство е темел на нашето постоење како народ и држава.
Како министер за правда, должност ми е да го чувам тој завет – да се грижам за правна држава, за независни институции и за заштита на човековите права.
Нека ни биде потсетник – патот на правдата бара храброст, истрајност и одговорност. АСНОМ ни остави обврска, а ние имаме должност таа обврска да ја преточиме во дела.“ – истакна министерот Филков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа