Ужас во регионот: Бавно полнела бензин, па и пришол и ја удрил по глава
Полицијата во Белград го уапси Т.В. (47) поради насилно однесување кога нападнал постара жена на бензинска пумпа.
Според првичните информации, мажот е осомничен за напад врз жена на бензинска пумпа на Трошарина, во белградската општина Вождовац.
Тој наводно бил нервозен затоа што постарата жена Б.В. (69) бавно полнела бензин. Разбеснет од ова, тој ѝ се приближил и ја удрил во главата, по што бил уапсен.
Истрагата ја води Второто обвинителство во Белград.
17.09.2025 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа