Внимавајте: Полицијата демне - викендов казнети 610 учесници во сообраќајот

Во текот на изминатиот викенд, сообраќајната полицијата во Скопје санкционираше 610 учесници во сообраќајот.

Според податоците од полицијата, биле алкотестирани вкупно 241 возачи, а кај 71 од нив се покажало дека возеле под дејство на алкохол. 40 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, додека пак без возачка дозвола управувале 24 возачи. Кај 27 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло, биле идентификувани две технички неисправни возила. Исто така, 120 возачи  управувале возила со над дозволената брзина, а од нив 40 возачи управувале возило со над 90 километри на час во населено место.

Наедно изречени се 17 прекршоци за некористење на сигурносен појас, 18 прекршоци за зборување на мобилен телефон, пет прекршоци на пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила и прописи, четири прекршоци за непрописно престројување, 14 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 181 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, пет прекршоци за возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци, а со пајак возило подигнати се 125 возила.

11.02.2014 - 14:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега