Се збеснала и ја нападнала воспитувачката - драма во скопска градинка

40-годишната скопјанка Б.Г. вработена во скопската градинка "Кочо Рацин", вчера пријавила дека била физички нападната од мајка на едно од дечињата за кои се грижела.

Според скопјанката, мајката на едно од децата Н.П., ја нападнала во ходникот на градинката, бидејќи вработената побарала да и се донесе потврда за здравствената состојба на детето.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

 

најчитано сега