Хаос на скопските улици - 16 сообраќајки и деветмина повредени

Во текот на вчерашниот ден на скопските улици се случиле 16 сообраќајни незгоди во кои има девет повредени лица.

Се работи за седум лица кои поминале со полесни телесни повреди, при што повреден е еден велосипедист, еден пешак и пет возачи на моторни возила. Во останатите сообраќајки, две лица се здобиле со потешки телесни повреди.

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден откри и санкционира четворица возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и ги исклучи од сообраќај, девет возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и пет возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно.

11.02.2014 - 09:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега