Муртезани во Брисел: Средби со претставници на Европскиот Парламент и Комисија

 

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средби со претставници на Европскиот парламент, на Европската комисија и на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (ГД ЕНЕСТ). 

Според најавите, на средбите на Муртезани со неговите домаќини ќе се разговара за тековниот статус на евроинтегративниот процес на земјава, за напредокот во имплементацијата на Реформската агенда, како и за активностите поврзани со Планот за раст на Европската комисија за Западниот Балкан. 

На средбите ќе се дискутира за реформите во земјава во областа на владеење на правото, јавната администрација, заштитата на правата на заедниците, дигитализацијата и енергетската транзиција.  

Покрај ова, ќе се разговара и за прашања поврзани со финализацијата на Патоказите за владеење на правото и реформите во јавната администрација, напредокот со користењето на средствата од Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), како и за претстојните чекори во рамки на економското приближување и пристапувањето кон единствениот пазар на ЕУ. 

12.05.2025 - 10:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега