Спорот за името се дискутирал и на отворањето на ЗОИ во Сочи

 

Грчките власти искористија уште една можност да ги повторат своите ставови во врска со името на Македонија, овој пат за време на отворањето на Олимписките игри во Сочи, јавува МИА.

Имено, на маргините на отворањето, грчкиот претседател Каролос Папуљас се сретнал со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун со кого разговарал за кипарското прашање и проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија.

Според информациите кои ги пласирала грчката државна новинска агенција, Папуљас ја истакнал потребата од успешен исход од последната рунда преговори за да се најде суштинско решение за проблемот.

09.02.2014 - 15:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега