Фетаи на средба со бугарскиот амбасадор, постојаниот дијалог отвора можности за соработка

 


Потпретседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска се сретна со амбасадорот на Бугарија, Жељазко Радуков, со кого се согласи за важноста од континуиран и отворен дијалог, кој создава мостови на соработка кои се од заемен интерес.

Фетаи го информира амбасадорот за приоритетите на Владата за воспоставување на правна држава и бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, како предуслови за интегративниот процес и благосостојбата на граѓаните.

Тој ја истакна важноста за отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, додавајќи дека треба да се искористи историскиот моментум во политиката на проширување на ЕУ и дека Северна Македонија треба да напредува на патот на интеграцијата заедно со Албанија.

Соговорниците се согласија дека изградбата на Коридорот 8, како безбедносен коридор на НАТО, има стратешко и економско значење за двете земји и за регионот. Фетаи појасни дека завршувањето на овој проект е приоритет за Владата и вети дека ќе се направат дополнителни напори за забрзување на неговата реализација.

24.10.2024 - 21:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега