Силен ветер предизвика хаос во Штип: Паднати дрвја, оштетени автомобили

 


Откорнати дрва, паднати гранки, оштетени автомобили, ваква е сликата на терен во центарот на Штип денеска поради силниот ветер. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека досега имале околу 20 интервенции.

Од ТППЕ Штип потенцираа дека имале четири интервенции, на паднати дрва, две во близина на средното училиште „Коле Нехтенин“, една на местото кај Четвртиот километар и една интервенција кај детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип.
Денес екипите на ЈП „Исар“ со направена реорганизација интервенираа на повеќе од 15 локации на паднати дрва предизвикано заради силниот ветер, вели Арсовски.

Во Штип ветровитото време продолжува и во текот на утрешниот ден. Според исвестувањата на УХМР има портокалов предупредување за ветер. Исто така се апелира граѓаните да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат. 

22.11.2024 - 15:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега