Откриено зошто мажите сакаат орално да ги задоволуваат жените

 

Една од причините поради која мажите не пропуштаат орално да ги задоволат партнерките е да го намалат ризикот тие да ги изневерат.

Студијата објавена минатиот месец во Journal of Evolutionary Psychology, имала за цел да открие зошто мажите орално ги задоволуваат жените кога самиот чин не води кон репродукција.

По испрашувањето на 243 возрасни мажи кои биле во хетеросексуална врска, истражувачите заклучиле дека оралниот секс е одбранбен механизам на мажите од конкуренцијата. Со цел да го минимизираат ризикот партнерките да погледнат во друг маж, мажите се трудат да донесат поголемо задоволство во врската, а има ли подобар начин за тоа од една партија орален секс?

Студијата доби низа негативни реакции: Жените прашуваат зошто истражувачите не истражуваат дали е бесцелно и орално да се задоволуваат мажите? Сигурно голтањето не води до репродукција, така што сме еднакви и по ова прашање. А јас ќе прашам, зар мажите не уживаат во оралниот секс? Би рекла дека уживаат и да го нудат и да го добиваат!

Секогаш кога односот помеѓу мажот и жената вклучува емоции, не само чист секс, мажот се труди да ја усреќи партнерката и да го направи сексот забавен. Дури честопати поважно му е партнерката да си замине задоволена, не обрнувајќи внимание на сопственото задоволство. Задоволната партнерка е пријатна за неговото его и задоволната партнерка не гледа по други мажи, а тоа не мора исклучиво да се постигне со орален секс, нели?

Секој преземен чекор во врската, нова поза во сексот, ново место за состанок, подарок без мотив се во функција да се додворуваме и да го освојуваме партнерот и да, ако подлабоко размислите да го оттргнеме од конкуренцијата, но не верувам дека некој свесно изведува акција освен ако се почувствувал загрозено.

Овие 243 мажи од истражувањево изгледа имаат тешки партнерки за одржување и многупати се почувствувале отфрлено штом свесно се труделе да ги направат посреќни и тоа со јазик или пак на истражувачиве тешко им оди на тоа поле па донеле погрешни заклучоци. А со оглед дека има голем број на мажи што воопшто не нудат орален секс, бидејќи имаат предрасуди или се гадат од идејата, ми се чини дека истражувањево падна во вода

08.02.2014 - 20:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега