Уапсен Србинот кој ја предизвика сообраќајката кај патарината „Петровец“

 

Поолицијата го уапси 63 годишниот Србин С.Р. кој е одговорен за сообраќајката на наплатната рампа „Петровец“ која се случи во четвртокот.

Србинот бил уловен на граничниот премин „Табановце“ вчера во 15 часот, на излез од Македонија со товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со српска национална ознака. Граничната полиција го препознала возилото и веднаш го привела Србинот. Бил извршен увид и во камионот со кој управувал С.Р.

 

08.02.2014 - 14:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега