Дарко Кипријановски ја издаде „Врв и дно“
Младиот автор Дарко Кипријановски од Скопје, утре ќе ја промовира својата прва книга „Врв и дно“. Во пресрет на промоцијата за Пресс24 вели дека книгата ќе биде вистинска забава за читателите зашто е пишувана од лично искуство откако успеал да го надмине стравот и срамот.
„За многумина шок и смеа, за поблиските смеење без граници и за малкумина оние кои го очекуваа оваа со нетрпение... Драги мои за прв пат во животов го победив срамот и решив да внесам малку смеа и повеке реалност... ви преставувам дел од мене, дел од вас всушност дел од сите нас, ви ја преставувам нашата мала тајна под наслов ``Врв и Дно `` Реалност во која сите ке се пронајдете и реалност која сите ке ве допре на еден или друг начин, сепак на крај лугето секако ке зборат а вие слатко насмејте се“, вели авторот за своето дело.
Промоцијата ќе се случи утре во 16 часот во кафе барот Стоби.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа