Полицајците и цариниците породиле Авганистанка на граничниот премин Богородица

 

Македонските полицајци и цариници породиле Авганистанка која се обидела илегално да ја помине македонската граница. Како што дознава Press24 , вчера, на граничниот премин Богородица, пришла жена со силни породилни болки. Според информациите до кои дојде Press24 од вработените на граничниот премин, таа сакала илеглано преку Грција да влезе во Македонија, но бидјеќи почувствувала силни тегоби, сама дошла на граничниот премин. Царинските службеници и полицајците кои работеле таму виделе дека немаат многу време па жената ја породиле на самиот граничен премин. Родила здраво дете, но се уште немаме информации за каков пол станува збор. По породувањето, жената со возило на итна медицинска помош е префрлено во здравствениот дом во Валандово.

05.02.2014 - 11:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега