„Продолжи живот, Дарувај крв“ - велешани даруваа крв по повод раѓањето на Гоце Делчев

 

УМС на  ВМРО - ДПМНЕ во Велес одржа кродарителска акција по повод раѓањето на револуционерот Гоце Дечев. Собрани се 150 единици крв.Акцијата беше одржана под мотото  „Продолжи живот, Дарувај крв“.

- Горди сме што како и  минатогодишната и оваа втора крводарителска акција на овој ден помина мошне  успешно, потенцира Благој Ангеловски од УМС при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Велес.

Акцијата ја изведоа екипи на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, а сите собрани крвни единици ќе бидат наменети за лекување на пациентите во скопските клиники. 

04.02.2014 - 18:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега