Поповите земаат заеми од народот за да се спасат од долговите
Добар дел од свештениците во Македонија, па и имамите на Исламската верска заедница, се соочуваат со блкади на своите банкарски конта поради неплатените придонеси, особено оние за пензиското осигурување, пренесува Дневник. Поповите должат околу 112 милиони евра, додека долгот кај оџите е нешто поголем дури 1,38 милиони евра и тоа само за периодот до 2009 година. Ваквите долгови на свештените лица се поради тоа што голем број од нив работат во селски парохии каде жителите немаат големи приходи за да можат да дадат средства со кои поповите би ги подмириле задолжителните придонеси кои на месечно ниво изнесуваат 3 до 4000 денари. Наспроти нив, помали проблеми имаат свештениците што работат во градовите, каде што приходите се повисоки.
Еден ваков пример е Отец Стојан, меѓу народот познат и како „поп Џаиќ“ кој на времето играл одличен фудбал и претставува еден ретките свештеници на МПЦ-ОА на кои им успеало да го подмират долгот за пензиски и други придонеси, со како што вели олеснувањето кој го добил од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
„Морав да позајмам 70.000 денари од народот за да го платам долгот од 138.000 денари за придонесите. Нешто пари позајмив од татко ми, а остатокот е од она што јас го имав заштедено. Kога и како ќе им ги вратам парите, не знам. Нашиот храм нема пари, а како и ќе има, кога во четирите села што ги опслужувам како свештеник годинава имав само десет венчавки и петнаесетина крштевки. Опустуваат селата и со тоа ние како свештеници осиромашуваме. Ако не позајмев и не платев, ќе морав да ја платам и насобраната камата од 1.200 евра. Се ослободив од неа, но не и од целиот долг. Сега должам за придонесите од 2009 година наваму. И за нив не знам што ќе правам - рече тој и додаде дека барал помош и од Брегалничката епархија, но и од таму му одговориле дека немале пари. - вели свештеникот Стојан Kржовски од село Соколарци во општината Чешиново-Облешево.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа