Првиот човек за јавна безбедност Чавков се сретна со својот австриски колега

 

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков денеска се сретна со неговиот австриски колега Франц Ланг.

На средбата, како што информира МВР, се разменети искуства со цел  продлабочување на понатамошната соработката меѓу двете земји.

Директорот Чавков изразил задоволство од постигнатите резултати од заемната соработка и посочил дека интенција на министерството  е уште поинтензивна и поофанзивна борба против криминалните групи, особено на планот на борбата против недозволената трговија со дрога, во која се вклучени огромни ресурси.

Гостите, како што се наведува во соопштението, се запознале со новите реформи во македонската полиција и особено во Одделот за борба против организран и сериозен криминал, зајакнувањето на мултидисциплинарниот пристап во таа борба, со сеопфатен и сериозен пристап, со вклученост на повеќе организациски единици, особено со вклучувањето на единиците за финансиски криминал и перење пари.

Директорот на австриската полиција се запознал и со стратешките приоритети во наредниот период, и тоа систематски пристап и систематско знаење во борбата насочена кон профилирање, идентификување и сузбивање на криминалните групи кои работат на меѓународен транспорт. Директорот Ланг констатирал дека во изминатите десет години Австрија континуирано има одлична соработна со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија на сите нивоа.

03.02.2014 - 17:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега