Бајден побара брза реализација на договорот меѓу Белград и Приштина

 

САД посакуваат силна и растечка билатерална соработка со Србија, соопшти Белата куќа по средбата на вицепретседателот на САД Џо Бајден со премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, пренесоа српските медиуми.

Бајден на српскиот премиер му честита за постигнатиот договор во дијалогот за нормализирање на односите на Србија и Косово со помош на ЕУ.

Вицепретседателот Бајден ја истакна важноста на брзиот напредок на Србија и Косово во исполнувањето на нивните обврски од дијалогот и кон целосното спроведување на спогодбата. 

најчитано сега